Моден фокус // Стил Профил
(ФОТО) Најубавата жена на светот непрепознатлива: Со оваа фризура изгледа како друга личност
Во Музејот на уметности Метрополитен синоќа се одржа гламурозниот моден настан Мет Гала, најголемата модна манифестација на светот, а меѓу славните гости дефинитивно вниманието го украде актерката и поранешна мисица, Пријанка Чопра која изгледаше непрепознатливо.
Во придружба на сопругот, музичарот Ник Џонас, таа беше една од најфотографираните дами на црвениот килим.
Актрактивната Индијка која се прослави по улогата во хит-серијата „Квантико“, се појави во сребрен Haute Couture фустан на модната куќа Диор, украсен со перја во неколку бои.
Таа не беше најдобро облечената ѕвезда на годинашната Мет Гала, а со изборот на агресивна шминка и фризура дефинитивно ги збуни присутните и воопшто не наликуваше на себе.