Моден фокус // Стил Профил
(ФОТО) Наоми по 14 години се врати на пистата разголена и со стил
Иако минатата година најави дека наскоро планира да се повлече од модната сцена, британскиот супермодел Наоми Кемпбел, сношти ги изненади своите обожаватели со камбек. Наоми во полн сјај прошета на модната писта на ревија во Париз.
Кемпбел (48) излезе на пистата во оригинална креација од Валентино, а горниот дел од фустанот беше сосема проѕирен. Таа ги откри градите и ги истакна стомачните мускули што предизвика воодушевување кај присутните.
Последната модна ревија на која Наоми се појави беше во 2005 година, а и по толку години, таа остана блиска со многу светски познати дизајнери.
Фото: Профимедиа