(ФОТО) Навидум обичен деловен изглед: Меланија Трамп ова го носи на сосема ново ниво

Добивај вести на Viber

Првата дама на Америка нема проблем да носи интересни парчиња

За обична средба во Овалната просторија на Белата куќа, каде му се придружи на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, Меланија искомбинирала секси чевли во корална црвена боја на високи потпетици со во сива боја до глужд и сако во иста боја како салонките.


Меланија Трамп знае како да комбинира бои што сака да ги носи во разни прилики, а овој пат избра силни бои за деловен стајлинг. Имено, таа носеше сиви панталони што ги искомбинира со јакна и блуза во корална црвена боја, а во иста боја носеше и салонки на високи потпетици.

Поранешната манекенка не се откажува од нејзиниот омилен модел на чевли, од Маноло Бланик и Кристијан Лобутин.

View this post on Instagram

Very informative briefing with @POTUS, @VP, @DHSgov, @fema, & @NOAA on the forecast, overview, and risks for the 2020 hurricane season, including considerations for response & recovery during #COVID19. Make sure you & your family are prepared for the season: https://www.fema.gov/media-library-data/1494007144395-b0e215ae1ba6ac1b556f084e190e5862/FEMA_2017_Hurricane_HTP_FINAL.pdf>

A post shared by First Lady Melania Trump (@flotus) on



Ова не е прв пат таа да се одлучи за оваа црвена варијанта. Пред само неколку дена, таа се појави на друга официјална средба, но наместо панталони носеше тесноцрно миди здолниште.

Првата дама на Америка не може да одолее на дизајнерите парчиња, така што овој пат потрошила дури 695 долари на пар чевли на дизајнерот Кристијан Лобутин. Овој модел на чевли често го носи на сите официјални настапи, па така и овој пат, со изборот на моделот „Кејт“ го крена целиот стајлинг на повисоко ниво.
Како ви се допаѓа овој изглед на Меланија?

Извор: stil.kurir.rs

Фото:profimedia

Меланија Трамп поставува модни стандарди: Вака се облекува жена во педесеттите години