(ФОТО) Не се скаравме, уште сме другарки: Алачки и Ирена се потсетија на старите добри времиња

Иако веќе 25 години не настапуваат заедно, Адријана Алачки и Ирена Спасовска го одржуваат пријателството. Во осумдесетите и во деведесетите, Ирена, Адријана и Горан Алачки беа фолк-трио, активни на сите домаши фестивали.

Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација. Дваесет и пет години откако веќе не настапуваат заедно, двете дами велат дека го одржуваат пријателството. Адријана и Ирена лани се дружеа во еден домашен спа центар и евоцираа спомени од старите времиња. 

„Наспроти мислењето дека не сме во контакт, ние и по повеќе од 20 години ја одржуваме комуникацијата. Бизнисот ни е во различни насоки, но нашето пријателство сѐ уште егзистира“, ни изјави Алачки, која е претседател на „Гастромак“, националната асоцијација на готвачи, и автор и водител на емисијата „Вкусот на традицијата“. 

Таа сега не настапува на фестивали и ретко снима авторски песни. За разлика од неа, Ирена е посветена само на музиката.