(ФОТО) Некогаш фатална, сега непрепознатлива: Ѕвездата на „Сексот и градот“

Добивај вести на Viber

Актерката Ким Катрал, позната како фаталната Саманта Џонс, во серијата „Секс и градот“ со својот изглед привлекуваше внимание, како и во серијата, така и надвор од сетот.

Нејзиниот контроверзен лик беше познат по честото менување на сексуални партнери. Сепак годините направија Ким да изгледа непрепознатливо, иако 62-годишната актерка неретко раскажуваше дека внимава на својот изглед и дека е на диета од 1974-та година.

- Сакам да јадам, а по градба не сум природно слаба, особено во овие години, па морам да внимавам на исхраната. Затоа никогаш не јадам десерт по оброкот, бидејќи знам дека ќе ми е тешко да ги изгубам тие вишок килограми- изјави таа.

Тогаш призна дека никогаш не одела на естетски операции за да се подмлади, но дека многу внимава на негата на лицето.