(ФОТО) Неодоливи модни парчиња за ова лето во „Bella“
Модната куќа „Bella“ како македонски бренд кој го диктира модниот изглед на секоја урбана, модерна и деловна дама во нашата земја, од денеска ја најавува летната колекција „Анкона“.
Станува збор за колекција во бело-зелена боја, а се состои од комплет за деловни дами во две варијанти (здолниште и палто или фустан и палто).
Тука е и полежерната летна комбинација на бели панталони со реси (моден тренд за оваа сезона на сите рабови) кои се комбинираат со бела кошула со дискретни зелени точки која оди и со деловната комбинација на здолниште и палто или пак туника со змиски принт, за секоја пригода ова лето.
Веќе ја најавивме кампањата на „Bella“- „Заштитете се Вие и Вашето семејство" кoja со секое купување Ви подарува заштитна маска.
„Bella“ исто така произведе заштитни маски со повеќе величини за деца, млади и две големини за возрасни, изработени од 100% памук. Воедно има дизајнерски заштитни маски во повеќе варијанти, како и маски со ист дезен со секоја нова колекција.
Модел: Јована Трајковска
Фотограф: Марко Маркоски
MUA: @misstrajkovskimua
* Дизајнерски модни парчиња од колекцијата „Минт“: Бојата на ова лето