ЗАШТИТЕТЕ СЕ СЕБЕ СИ И ЛУЃЕТО ОКОЛУ ВАС СО НОВИТЕ МАСКИ НА BELLA

Добивај вести на Viber

Здравјето на нашите потрошувачи е најважно, па затоа Bella се вклучува во борбата за заштита од коронавирусот преку подарување на бесплатни заштитни маски со секоја извршена продажба онлајн или во продавниците.  Бесплатната заштитна маска е направена од 100% памук во неутрална сива боја која е  за повеќе употреби и може да се најде во две големи, М и L.

Олабавувањето на мерките не значи и крај на пандемијата, па затоа во овој период е поважно од било кога да се држиме до препораките за заштита од коронавирусот и да ги почитуваме во целост. 

Двете најзначајни работи се носењето на заштитни маски и држењето на физичка дистанца.


Овој постер можете да го превземете и испечатите на следниов линк.

За да го потикнеме носењето на заштитни маски, изработивме уникатни дизајнирани маски, со принтови кои одговараат на новата колекција на Bella, а воедно ќе бидат одличен додаток на вашиот дневен изглед. Овие маски можете да ги купите на online продавницата на Bella или пак во нашите продажни салони во ГТЦ, ТЦ Буњаковец или Skopje City Mall. 

Маските се двослојни  и  нудат двојна заштита. Долната облога која што е во директен допир со кожата е изработена од 100% памучен материјал и на тој начин се намалува црвенилото и иритациите кои обично ги предизвикуваат ваквите маски.

Маската пред се служи за заштита, но веруваме дека нејзиниот изгледот е исто така многу важен за да го задржите вашиот имиџ и да соодветствува со остатокот на вашата гардероба.

Bella дизајнираше модели на маски за деца, млади и возрасни и исто така нуди дизајни кои одговараат за мажи и жени.

Ви ги претставуваме новите маски, кои се идеално решение за вас и целата ваша фамилија:

Најважно е што маските не се за еднократна употреба и може да се носат повеќе пати. Тие се направени од материјал кој дозволува машинско перење, со што се олеснува одржувањето на хигиената на истите.

#staysafe #bellamasks @bellamkd @bellaskopje