Дизајнерски модни парчиња од колекцијата „Минт“: Бојата на ова лето
Летото ни доаѓа, а со тоа целосно е оправдана причината за внесување на шаренила и бои во нашиот живот.
1. Колекција „Минт“ за смели дами
Бојата која е број еден оваа сезона е неверојатна и енергична на новите модели од брендот „Bella“.
Фустанот од оваа колекција е доволно моќен сам по себе, така што нема да ви бидат потребни дополнителни аксесоари за да останете забележани. Уживајте во претстојниот период во лелеавиот шарм на „Минт“. Уникатно парче облека наменето за оние дами кои сакаат да експериментираат со својот стил и не се плашат од шаренила.
Дезенот на фустанот е составен од геометриски форми во различни бои, кои ќе бидат хит оваа сезона. И покрај шарениот дезен и разиграниот изглед, ова парче облека е одличен избор за деловна комбинација, бидејќи сепак зрачи со доволно сериозност и отменост за да ги исполни модните стандарди во деловниот свет.
Втората предлог комбинација од оваа колекција е полежерна. Изберете бермуди со висок струк во комбинација со туника од природни материјали, вискоза и памук.
2. Колекција „Анкона“ - панталони и блуза со ист дезен
Колекцијата „Анкона“ нуди интересни комбинации на панталони и блузи со ист дезен кои заеднички изгледаат како комбинезон, и се претстоен тренд за 2020-та година.
Овие комбинации имаат и соодветни дезенирани заштитни маски, со кои ќе изгледате впечатливо и единствено.
Не ја пропуштајте „Акцијата 30% попуст на целата пролетна колекција“ која стартуваше од понеделникот во сите продажни салони на „Bella“, или купете си го омиленото парче во он-лајн продавницата.
Model: @fern_style_
Fashion Photographer: @stefannikolovski
MUA:@vd_makeup_