(ФОТО) Непрепознатлива: Елена Ристеска стана блондинка

Добивај вести на Viber

Елена Ристеска стана блондинка, во дуетската песна со нејзината колешка од Србија, Данијела Кариќ. Елена и Данијела имаат исти коси во спотот за песната „Срца се погреше“  кој се промовираше за регионалниот музички пазар.

Елена е непрепознатлива со новата боја на коса за која нејзините фанови за социјалните мрежи коментираа дека одлично ѝ стои. 

Музиката и текстот за новата песна на Елена и на Данијела е на Александра Милутиновиќ, аранжманот и продукцијата на Дарко Димитров. Истиот тим го работеше и хитот „Доживотно“. Спотот е снимен во Белград, со познати танчари како гости.