Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Ниту кралицата Летиција не може да одолее на ова здолниште: Најголем пролетен тренд
Кралицата Летиција, освен по честото модно рециклирање, позната е и по носењето пристапни парчиња облека од продавниците на „уличните брендови”. Овојпат, се појави во компанијата „Google” во Мадрид, каде присуствуваше на презентирањето на новиот проект.
Прекрасната кралица, избра комбинација во која веќе имавме прилика да ја видиме, но овојпат се одлучи за здолниште со модерен дезен.
Здолништето со црниот ремен, копчињата и змискиот дезен од зимава се дефинитивно едни од првите модни хитови и важат за голем тренд и оваа пролет.
Модерниот изглед го финишира со црните чизми од брусана кожа и црна ташничка.