(ФОТО) Нов македонски рекорд на Адријана Поп Арсова

Добивај вести на Viber

Адријана Поп Арсова е првата Македонка со време од под три часа на маратон. Нашата атлетичарка го освои четвртото место во генерален пласман на Подгорички маратон, а патеката ја истрча за 2 часа, 59 минути и 43 секунди. 

Ова е нејзино подобро време од маратонот во Ајнтховен, Холандија на 14 октомври кога се пласира на 10-то место во женска конкуренција со време 03.00.37.