(ФОТО) Од депресија до јапонски трон: Која е новата кралица на Јапонија
Јапонскиот крал Наруто го презема Престолот на хризантемите во средата и со полна одговорност се нафати да се наследи својот татко Акихита и да го зачува единството на јапонскиот народ.
Неговата сопруга, Кралицата Масако, не беше тука за време на церемонијата, бидејќи традицијата забранува присуство на кралските жени.
Новите предводници на Јапонија го привлекоа вниманието на медиумите, особено кралицата Масако.
Масако има 56 години и е поранешен дипломат, се образувала на Харвард и Оксфорд, а за Наруто се омажи во 1993-та година.
По спонтан абортус во 1999-та година, во 2001-ва на свет ја донесе ќерката Аико. Без останати машки налседници во генерацијата по Наруто, раѓањето на Аико покрена иницијатива за измена на кралскиот закон како би се допуштило жена да го преземе тронот по смртта на таткото.
Пред 15 години, Масако се повлече практично од сите јавни должности, откако и е откиена болеста наречена „пореметување на прилагодувањето“. Тогаш кралот Наруто изјави дека поради депресија не може да присуствува на сите настани и дека и треба време.
Но судејќи по најновите фотографии, овие проблеми се во минатото на кралицата на Јапонија.