(ФОТО) Одличен избор: Џулија Робертс два пати во ист модел
На овогодинешното доделување на „Критикс чојс“ наградите се појавија бројни холивудски ѕвезди кои по престижниот син тепих прошетаа со своите раскошни тоалети. Меѓу нив се истакнаа неколку имиња, но секако и популарната актерка Џулија Робертс.
Таа е една од првите кои се појавија во иновативен модел на панталони и фустан, и ја воодушеви модната јавност по којзнае кој пат!
Станува збор за бели панталони и црно сако без ракави со предимензиониран заден дел, со должина до подот.
Внатрешниот бел дел е исткаен со златни и сребрени гламурозни детали кои совршено одговараат со дијамантскиот чокер околу вратот. За ваквиот изглед овојпат е „виновна“ модната куќа Луј Витон.
Претходно сличен модел на актерката видовме на доделувањето на „Golden Globes“ наградите.
Несомнено е дека ваквиот аутфит одлично и прилега.