Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Омилените фармерки на француските дами: Mора да ги имате оваа пролет
Ги следиме нивните модни избори, бидејќи се непогрешиви
Последните денови на улиците во Париз, можевме да го забележиме популарниот модел на фармерки со широки ногавици и висок струк, поточно познати како „mom jeans".
Французинките ни се вечна модна инспирација, па затоа за пролетната сезона оваа година ги следиме нивните примери.
Во топлите денови дефинитивно омилено парче ќе бидат овие фармерки, кои се погодни за секоја прилика, од дневна варијанта до попладневно кафе, до вечерни комбинации на кои може да им дадете доза елеганција.