(ФОТО) Панталони во кои сите изгледаат витко: Омилени на многу светски дами

Добивај вести на Viber

Овој крој е вистинска добитна комбинација. Во нив вишокот килограми ќе бидат помалку видливи, а нозете ќе изгледаат витко.

На овој тренд не му одолеаа ни славните дами, па така во ваков модел ги видовме кралицата Летиција и Ева Лонгорија.

Трикот што толку добро стојат е високиот струк и врзувањето на половината. Во коминација со високи потпетици изгледаат уште подобро, бидејќи на тој начин нозете визуелно изгледаат подолги.

Во исто време изгледаат елегантно и утрабно, па можат да се комбинираат на најразлични начини. Нема да погрешите доколку ги носите со патики и кожена јакна за покежуал варијанти, но ни ако со нив се упатите на работното место или на ноќна журка.

Станува збор за парче кое ќе го извлече најдоброто од вашата фигура и во кое ќе изгледате феноменално, а ќе биде и удобно.