(ФОТО) Парче облека кое може да го прикрие секој недостаток на телото
Прикрива поголем стомак, ги прави тесните раменици пошироки, ја истакнува половината кај жените, покрива големи и ги потенцира малите гради.
Една од најбараните, но и најпрактични предмети за облека во текот на втората половина на пролетта, но и во променливите летни денови, е блејзер-сако. Претежно едноставно, дури и без копчиња, ќе биде неопходен дел на сите комбинации на облека сезонава.
Со или без копчиња, струкирано или широко, еднобојно или шарено - сè е во мода и сè е дозволено.
Ќе го носите со фармерки, здолништа, фустани, над кошули, над кроп топ ... Совршено струкирани блејзери, кои, се разбира, се закопчуваат, девојките можеби ќе сакаат да ги носат на гола кожа, а тоа е дозволено и оваа сезона.
Блејзер во некоја од сега актуелните бои (најмодерни се сите комбинации во кои сината и зелената боја се „мешани“, како што се резеда, тиркизна...) искомбинирани со облека во исто така сега тренд бои (розева, жолта, црвена).
Ако до неодамна ви се чинеше незамисливо да носите црвена јакна и, на пример, розово здолниште, сега е време да ги прекршите сите правила за комбинирање на боите, и со тоа да добиете пофалби.
Ако не ви се допаѓа мислата на овој моден тренд, секогаш се достапни црни или бели сакоа, кои можете да ги искомбинирате со светло сива, светло сина или пастелно розева облека.
(ФОТО) Иднината на модата: Еволуција на новиот неопходен моден додаток