(ФОТО) Пејачката Фифи стана елегантна дама

Добивај вести на Viber

Трансродовата пејачка Фифи, со вистинско име Филип Јаневски стана непрепознатлива. Фифи сосема го смени својот стил на облекување и на својот Фејсбук профил објави фотографии во долги, вечерни фустани на кои изгледа како вистинска дама. Под сликите Фифи напиша: Да живее дивата !

На јавноста, таа и стана позната по учеството во првата сезона во регионалното музичко шоу Икс фактор кое се снимаше во Белград во 2013 и во 2014 година. Потоа се пресели во Шведска од каде што најави старт на нова музичка кариера.

„Малодушници без живот. Ништо не се сменило освен што бетер сте станале. Не, не останувам тука. Наскоро се враќам дома во Шведска. А и да се решам да останам во Македонија, вие научете се да се преокупирате со себе си, а не со други“, напиша Фифи на својот Фејсбук профил летово, кога беше на одмор во Скопје.