(ФОТО) Пензионерот Тони: Јас сум моден тигар, а не овие модни мачиња

Добивај вести на Viber

Таљат Селмани, познат како Тони е моментално најпознатиот пензионер на Балканов. Тој стана вирален хит со неговата изјава, виталност и енергија, а сега има нова улога. По националност е Албанец, роден е во Вруток, Македонија, а денес живее во Загреб, Хрватска.

Во младоста се занимавал со манекенство, а по видеото со кое се прослави, повторно ја добива истата улога за брендот „Вартекс“, па има и нова фотосесија.


- Порано бев манекен, рекламирав облека, гел за коса, па дури и шампон за коса, а некогаш и храна за мачки и кучиња.  Сум сушнал за „модерен мачор“, па какви мачки бе, тоа е за женски, јас за нив сум „моден тигар“- вели тој. 

Покрај советите за здрав живот и виталност, Тони сподели и неколку совети кои го одржале до „златни години“:

-Никогаш немојте да се венчате, кога ќе влезете во брак, веќе сте полумртви. А, уште кога ќе дојдат децата, тогаш веќе немате живот“ – се пошегува тој и додава дека денес мажите се премногу нежни, па затоа има голем број разведени луѓе.

Секој ден вежбал околу три часа, поминувал доста време во природа, но исто така и медитирал. Јадел се што ќе посака, но умерено. Во последните неколку години не јадел месо, никогаш не пушел цигари, а секое утро пиел по една мала чаша ракија.