(ФОТО) Пере Нокаут ја покажа штотуку родената ќерка: Конечно си дојде дома на Св.Никола

Добивај вести на Viber

Никола Перевски - Пере од Нокаут кон крајот на ноември стана татко по трет пат. По двете ќерки, сега доби уште една, на која ѝ го даде името Софиа

Сега музичарот на своите профили на социјалните мрежи сподели дека неговата партнерка и ќерка конечно си доаѓаат дома, и тоа баш на неговиот именден.

- Си дојде дома мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млеко, Софиа. За многу години св.Никола - напиша тој во описот на фотографиите.