(ФОТО) Перфектна од глава до петици: Сите го сакаат фустанот на Шарлиз Терон

Добивај вести на Viber

На вчерашното доделување на „Критикс чојс“  наградите се појавија бројни холивудски ѕвезди кои по престижниот син тепих прошетаа со своите раскошни тоалети. Меѓу нив се истакнаа неколку имиња, но секако најмногу Шарлиз Терон.

Холивудската дива има 43 години и беше номинирана за улогата на најдобра актерка во категоријата комедија, за филмот „Тали“. За нејзиниот изглед е заслужна креацијата на „Живенши“, во која се истакнува сукњата со А крој, и интересен горен дел со едно рамо.

 Гламурозен изглед на овој модел му дава материјалот со сребрени тонови кои се прелеваат. Посбен детаљ се сребрените обетки со ситни апликации во форма на превртена полумесечина. Ултра модерната боб фризура го комплетира целиот ефект.