(ФОТО) По примерот на Кејт Мидлтон: Шеќеринска не се срами да носи ист фустан неколку пати

Добивај вести на Viber

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска неколку пати избра еден ист фустан да го носи на неколку настани. Фустанот и стои одлично и ѝ ја истакнува убавата фигура, бојата исто така и стои одлично, но и самиот модел е модерен и елегантен, креација на македонската модна дизјанерка Тања Кокев.



Министерката вчера пред Собранието на Република Северна Македонија, кога Зоран Заев ги претстави предлог министрите во новата Влада, повторно го носеше истиот впечатлив и препознатлив виолетов фустан.


Можеби токму овој фустан и носи позитивна енергија и среќа на министерката. Но, можеби и таа како и Војвотката Кејт Мидлтон, се одлучила да рециклира облека. Идеја која започна да се шири како молња низ светските ѕвезди, но и идеја која наиде на голема поддршка од светските организации за зачувување на природата и нејзините богатства.


Шеќеринска е позната по својот изграден стил, министерката е секогаш елегантна и уредно средена за секоја прилика.


Р.Ж.М.

Фото: фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

Женска политичка модна битка: Која од нашите политичарки во изборна кампања остава стилски впечаток? 

Шеќеринска во егзотичен фустан за Денот на Армијата