Женска политичка модна битка: Која од нашите политичарки во изборна кампања остава стилски впечаток?
Во екот на изборната кампања, политичарите се на терен и како пчели одат од „цвет на цвет“ нудејќи ги своите изборни програми. Времето е прилично топло, па во поглед на облекувањето носат облека која претежно е од практична природа. Ама затоа пак, некои политичарки или се изгубиле во изброт на комбинациите или се предотерале. Се разбира, има и такви кои точно знаат што носат, за каде го носат и тоа го носат со стил. Други се прилично итри, па и со облека се додворат на народот.
Најголемите почитички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат неколку политичарки во изборната кампања кои секојдневно се излезени и собираат политички поени. Тоа се добро познати дами кои со годините го граделе својот стил, ама тоа не значи дека им е добар или пак соодветен за различни места и настани. Секоја од нив имала и има катастрофални грешки при облекувањето (се разбира, често се соодветно облечени) односно некои парчиња едноставно не се создадени за нив, и според градбата на телото и според позицијата. Не дека и светските политичарки не грешат ама тоа некаде далеку изгледа некако поинаку, некако стилски... Да, стилисти се грижат за нивниот избор насекаде каде и да се појават.
Како и да е, деновиве овие наши грации ги гледаме постојано, а секоја од нив се погрижила или не се погрижила да изгледа соодветно во јавност. За дома нека си шетаат и по долна облека.
Радмила Шеќеринска
Таа со години е на врвот од листатата на најдобро облечени политичарки кај нас. Не‘ изневери ни овој пат. Концизна, прецизна, строги линии, едноставен дизајн кој ја следи линијата на телото, ни претесно ни прешироко. Таман како за неа. Шеќеринска изгледа стилски добро па дури и бојата ја „погодува“- нема на неа бои кои бодат очи.
Гордана Силјановска- Давкова
За разлика од Радмила, професорката сака многу бои... мноооооогу бои. Како во незините 30- ти. Шарена, цветна, со линии, без линии, бохо стил, ретро стил, хипи стил... Едноставно тоа го сака. Знае да биде практична со едноставни комбинации кои добро и стојат, но таа сепак е најубава во костим кој ја следи линијата на телото и ѝ овозможува авторитативен изглед.
Мила Царовска
Дамата која научила дека белата боја добро ѝ стои. Мила претежно има осет за мода и начини како тоа да го презентира пред јавноста, а да не биде претерано. Практична е, но тоа не значи дека не може да изненади со специфичен изглед кој излегува од рамките на строгоста која ја претпочита во стилот. И да, може малку помладолик изглед... Сепак, треба да избегнува миди фустани кои ја прават да биде визулено пониска.
Рашела Мизрахи
Од ден на ден изненадува со соодветни комбинации кои добро ѝ стојат. И добро е што тоа го знае. Не е пренападна со изгледот, внимава на деталите, носи одлични фустани за во јавност и има добар осет за естетика. Според нејзините пропорции и физикусот, ја пронашла златната средина. До пред извесно време ова како да не беше така. Рашела, само напред!
Сања Лукаревска
Таа некако најмногу се издвојува од сите погоре споменати. Трендовски се приспособува и нејзината лежерност знае да ја зачини со елеганција. Се гледа дека нашла соодветен моден баланс, но да ги заборави фустаните кои се над колена.
Дафина Стојаноска
Многу едноставна, дури и преедноставна. Скромноста во облекувањето не секогаш е доблест. Да, практична е за на терен, носи панталони и маички кои ја следат линијата на телото и не откриваат многу, но Дафина дефинитивно би била многу поинтересна кога би дополнила со малку драма. Може на пример со убаво скроено спортско- елегантно палто и панталони во иста боја, со разиграна кошула. Кај неа очигледно најмногу фали кошула.
РЖМ