(ФОТО) Покажа како се носи црно сако: Од Џулијан Мур треба да учиме за стилот

Добивај вести на Viber

Црни palazzo панталони, впечатлива портокалова маичка со натпис, елегантно сако и ефектни кожни сандали се покажаа како вистинска формула за одличен стајлинг.

Џулијан Мур (58) уште еднаш покажа дека со право ја носи титулата модна икона. Актерката која со широка насмевка прошета на Менхетен, уште еднаш покажа дека секогаш знае како да ги одбере вистинските парчиња.

Мур е позната и по нејзиниот активизам, па со пораката на маицата „Стоп за оружје и насилство“ испрати остра политичка порака.