(ФОТО) Порасна синот на Кајмакоски и Кристина: Со мама во ЗОО Скопје

Добивај вести на Viber

Манекенката и модел Кристина Димитријевска, позната и како поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски е доста активна на социјалните мрежи.

Често споделува нејзини фотографии, но овојпат реши да сподели убав момент со синот Давид. Имено тие двајца ги користат зимските сончеви денови за прошетка низ ЗОО Скопје.

View this post on Instagram

A post shared by MISS BALKAN 2019 (@kristina.dimitry)


За опис на фотографијата, Кристина избра дел од емотивната песна на Северина, насловена како „Rodjeno moje“: 

„Во моето тело ти беше, од моите раце вода пиеше, зад моите нозе се криеше, мој си довека.“

Инаку, за Женски магазин во една прилика таа изјави дека и е предизвик да биде број еден, но отворено зборуваше и за разводот со Кајмакоски.