Предизвик ми е да сум број еден: Кристина Димитријевска стана Мис карантин

Добивај вести на Viber

Кристина Димитријевска победи на интернационалниот онлајн избор за убавина „Мис карантин на светот“. Манекенката која е членка на модното студио „Црнокрак“, вели дека ѝ е предизвик да биде број 1.

„Да се биде број 1 е секогаш предизвик. Кога го прочитав своето име не верував, сè додека не ми потврди Мики Црнокрак. Минатата година бев „Мис Балкан”, а оваа година добив титула на светско ниво. Благодарна сум пред сè на Модното студио “Црнокрак” кое секогаш има доверба во мене. Да се биде „Мис карантин на светот” е ново искуство и титула која секогаш ќе ја паметам. Конкуренцијата беше преку 200 девојки од целиот свет.  Кога сме кај карантинските денови, ги користев така што вежбав, читав, гледав филмови, најголем дел од времето уживав со мојот син. И научив дека доколку сте позитивни, од секое лошо, ќе го извлечете најдоброто“, изјави Кристина за Женски магазин. Таа е мајка на тригодишниот Давид, од бракот со пејачот Даниел Кајмакоски.

Модниот менаџер Мики Црнокрак вели дека ова за Кристина е голем успех, затоа што победила во конкуренција на 210 пријавени девојки од околу 50 држави од целиот свет.

„Речиси едногласно од целото жири, таа беше прогласена за најубава. Кристина успеа да освои уште една титула, за најдобра изведба, односно најдобро претставување. Таа е и актуелна Мис на Балканот, титула која ја освои во декември 2019 во Белград

И втората наша претставничка, 16 годишната Бисера Цуцулова од Скопје успеа да освои титула, Мис интелегенција. Таа оваа титула ја освои на основа на одговорите на прашањата кои ѝ беа поставени од страна на жири комисијата“, вели Црнокрак кој беше дел од жирито и коорганизатор, задно со GECJAN FASHION GROUP од Приштина.  

Тој ни изјави и дека уште две девојки со кои соработува Модното студио „Црнокрак“ успеајаа да освојат титули.

„Црногорката Лара Стешевиќ ја освои титулата втора придружничка или и титулата Бест модел, а Доти Полгар од Унгарија е Мис Бикини. Значи со 6 титули, ова е апсолутна доминација на Модното студио „Црнокар“ на Мис карантин на светот 2020“, вели Црнокрак.

М.Џаровска