Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Пријанка Чопра во најубавото пролетно Манго сако
Актерката и поранешна Мис на свет, Пријанка Чопра со секое свое појавување во јавноста воодушевува со својот моден избор.
Убавата Индијка која неодамна стапи во брак со пејачот Ник Џонас, овојпат ја имаме во уште едно беспрекорно модно издание.
Атрактивната бринета облече „chic“ фармерки со рамен крој и обична бела маичка, а целокупниот моден стајлинг го заокружи со сако во портокалова боја со потпис на популарниот „high street brand“ Манго.
Сакото во оваа ефектна боја е најпосакуваното парче сезонава.