(ФОТО) Пролетна комбинација за Велигден: Облечете се како Меланија Трамп

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД уште еднаш покажа зошто ја носи титулата модна икона. Таа викендов се појави во одлична пролетна комбинација, со која ги воодушеви светските модни критичари.

Меланија се одлучи за бел фустан до колена, преку кој наметна преубав цветен мантил.

Едноставната, а многу впечатлива комбинација ја заокружи со салонки со пастелно портокалова боја, кои оваа пролет се апсолутен тренд.

Ова е супер избор за Велигденските празници кои ни следуваат. Дали би ја ископирале Меланија Трамп?