Приказната
за Киа Твиселман инспирираше многу други кои се борбат со прекумерна тежина
Оваа млада жена од Калифорнија со години држела
најразлични диети, но без никакви резултати. После неколку години неуспех, таа
конечно изгуби 60 килограми за само една година, и тоа успеала да го стори со
промена на само пет животни навики.
Сега Киа им помага на другите да го сторат истото.
Моментот кога решила да го промени животот е кога се качила во авион и
забележала дека не може да го зацврсти безбедносниот ремен. Книгата „Girl, Wash Your Face “, од Рејчел Холис, била покана
за промена на нејзиниот живот.
Таа имала само 25 години и морала да преземе
одговорност за своите постапки. Време било да го земе животот во свои раце и да
стави крај на борбата со тежината која траела од нејзиното најрано детство.
„Мојата тежина остави големи последици врз мене, и
физички и психички. Не ми беше дозволено да одам на плажа, езеро или базен. Ми
беше непријатно да носам костум за капење“, признала таа.
„Имаше многу моменти кога сакав да се откажам.
Особено кога не гледате резултати. Морав постојано да се потсетувам дека
губењето на тежината е реализација на сите мои соништа“, искрено изјавила Киа.
„Разбудете се еден час порано од вообичаеното и
посветете го тоа време на себе. Вежбајте најмалку 30 минути. Откажете се од
секој оброк што не е добар за вашето тело. Пијте многу вода. И запишете десет
работи за кои сте благодарни секој ден “, советува Киа.
Придржувањето кон овие едноставни навики и помогнале
на Киа, но и на други да создадат цврста основа за нов и здрав начин на живот.
Фокусувањето може да ви помогне да постигнете сè.