(ФОТО) Првата афроамериканка во училиште на белци: Денес има 65 години и се бори за човекови права

Руби Бриџис, денеска има 65 години и е американска активистка за граѓански права. Таа беше првото афроамериканско дете што почна да посетува основно училиште само со белци,  „Вилијам Франтц“ во Луизијана за време на кризата за десегрегација на училиштата во Њу Орлеанс, на 14-ти ноември 1960 година.

На само 6 години, слатката афроамериканка гордо зачекори во свето ново училиште, а денеска има и снимен филм за оваа историска приказна.

Таа беше пречекана од луто мноштво бели демонстранти кои ја навредуваа на секаков грозен начин - и за нејзина безбедност, четворица федерални маршали ја придружуваа на училиште секој ден таа година.

Само еден учител не ја одби, и таа беше приморана да учи сама во иста училница со само тој учител кој се согласи на нејзино подучување. Одбиваше да јаде било каква храна која не е претходно отпакувана пред нејзе, бидејќи се обидуваа и да ја отрујат.

Во време на протестите и масовни демонстрации по свирепото убивство на Џорџ Флојд од страна на бел полицаец, Бриџис се присети на нејзините тешки денови.

- Ме натераа да размислувам за демонстрантите од 1960 година. Ме натераа да размислувам за денот кога се качував по скалите во училиштето „Франтц“- раскажува таа.

- Сакам да знаете дека ова ќе биде наша заедничка историја. Ова е ваше наследтсво исто така- порачува Руби.