Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Првата дама на Франција заблеска во безвременска модна комбинација
Бриџит Макрон се појави на свеченоста „Karl For Ever“ која е одржана во чест на починатиот креативен директор на модната куќа „Шанел“, Карл Лагерфилд.
За оваа прилика, првата дама на Франција избра универзален и безвременски мал црн фустан.
Овој елегантен модел со кратки ракави и должина малку над колената ја прати линијата на телото, а краен печат на женствениот стајлинг даваат класичните црни салонки.
Со овој избор Макрон и одаде пичит на големата Коко Шанел, која сакаше да креира фустани достапни за сите. Таа го креира најпопуларниот фустан за сите жени и вкусови- малиот црн фустан, кој и по 90 години ја посадува истата моќ.