(ФОТО) Првата дама на Македонија во кошула-фустан: Урбано издание за пофалба
Сношти во Американската амбасада во Скопје се одржа прославата по повод Денот на независноста на САД.
Меѓу присутните беа и претседателот на нашата земја Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска. Двојката за овој настан изгледаше урбано и во тон.
Имено првата дама избра светлосин кошула-фустан, кој го искомбинира со кафеави сандали и чанта. Марамата околу вратот беше само уште еден умешен моден детаљ на Елизабета.
Елизабета е девет години помлада од својот сопруг Стево, а заедно го имаат синот Огнен. Разликата во години за нив не претставува никаков проблем.
- Кога ќе наидете на сродна душа едноставно чувствувате дека сте еден за друг и за тоа тешко можете да најдете дефиниција. Бети е комплетна личност, нѐ интересираат исти работи, полна е со разбирање за партнерот, домот и семејството. Станува збор за едноставна личност и посветена мајка и сопруга- изјави претседателот за сопругата во претходно интервју за Женски Магазин.
Фото: Фејсбук-профил на Стево Пендаровски