(ФОТО) Првиот пилот на светот роден без раце
Триесетгодишната Џесика Кокс, од американската држава Аризона е првата жена родена без горни екстремитети која успеа да добие лиценца за пилот.
„Поминав долг пат за да станам пилот. Се обучував на три авиони, но не затоа што ги скршив, туку затоа што логиката на инструментите и начинот на управување беше вистински предизвик за мене“, изјави таа за локалната телевизија KGUN9.
Авионот со кој Џесика лета, мораше секако да биде адаптиран за да ѝ помогне нејзе при управувањето. „Така е прилагоден за да можам да го управувам со нозете и да ја имам потполната контола над него“, кажа таа во продолжение.
Нејзината мајка, инаку, не знаела дека ќе роди бебе без раце, се' до самото породување. Џесика сподели дека таа навистина била загрижена за неа, мислејќи дека целиот живот ќе ја гледа затворена помеѓу ѕидови.
Џесика, меѓутоа, не дозволила хендикепот во ништо да ја спречи. Затоа, пред да стане пилот, таа научила да свири клавир, го совладала сурфањето и добила возачка дозвола.
„Никогаш немојте да се плашите да се соочите со сопствениот страв. Правете го тоа од што се плашите најмногу, бидејќи само тоа ќе ве направи да се чувствувате живи“, порача таа до сите оние кои се наоѓаат во слични вакви ситуации.