(ФОТО) Радмила Шеќеринска во „oversized“ капут во бојата на сезоната

Добивај вести на Viber

Кај дрес кодот на политичарите, неопходно е да се стави акцент на елеганцијата, која дополнително придонесува за поголема претставителност. 

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, преферира лежерна и софистицирана елеганција, а тоа го потврдува со стилот на своите јавни средби. 

Вчера за официјалната посета на нејзиниот колега, министерот за одбрана Карл Ерјавец, Шеќеринска избра аутфит во интензивна мастилно сина боја, која е одличен моден избор за оваа зимска сезона.

„Oversized“ капутот остави особен впечаток на стилот на министерката за одбрана.

И комбинацијата која беше под капутот беше за чиста десетка. Сакото во истата мастилно сина боја со два специфични броша како исклучително добри модни детали, искомбинирано со класикот бела кошула и со црно здолниште на кое во зима секогаш треба да се носат црни хулахопки и црни салонки.


Фото: Официјална страница на Радмила Шеќеринска