(ФОТО) Радост на мама и тато: Синчето на Хелена Роза наполни една година
Поранешната тв водителка пред неколку година замина во Нов Зеланд со сопругот Игор и ќерката Кјара, а таму го роди и сончето Тиан.
Иако е оддалечена илјадници километри, а и во друга временска зона, сепак Хелена постојано објавува фотографии на социјалните медиуми, па читателската публика секогаш е информирана за сите новитети, благодарение на објавите во медиумите.
Но, овој пат, ние заедно со Хелена сакаме да споделиме радосна и убава вест, а станува збор за првиот роденден на Тиан, за чиј повод таа објави фотографија и во посветата напиша: „Среќен роденден Тиан. Среќичке моја малечка, а толку голема. Те љубам многу, ама нај.“
И Женски Магазин се приклучува кон роденденската честитка и му посакува на Тиан безгрижно детство, исполнета со безброј игри, здравје, среќа, радост и љубов, кои ќе го исполнат неговиот живот.