(ФОТО) Ребека семејно на екскурзија низ Италија

Добивај вести на Viber

Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска- Ристески се врати од возбудливо семејно патување. Таа со близнаците Доротеј и Макариј и со сопругот Милан беше во Италија.

Ребека со близнаците во црквата Свети Климент во Рим 

„Дел од нашето патување: Солун-Наполи, Рим“, напиша Ребека на својот Фејсбук профил и објави фотографии од местата кои ги посетиле. Меѓу нив се гробот на Свети Кирил и Ватикан. 

Со синовите во Наполи 

Близнаците Доротеј и Макариј во септември ќе наполнат шест години и ќе тргнат во прво одделение. Нивниот постар брат, Маркијан (12) е шесто одделение.

Во Рим 

„Маркијан ги обожава близнаците. Заштитнички се однесува кон нив и многу сака да оди со мене кога ги земам од градинка“, изјави претходно Ребека за Женски магазин. Ребека и Милан поради обврските и вниманието кои ги бараат децета, одат на одделни одмори, еднаш со Маркијан, еднаш со близнаците.  

Макариј и Доротеј во Ватикан