(ФОТО) Режим на исхрана и редовно вежбање: Татјана Стојановска откри како ја одржува својата линија

Добивај вести на Viber

Татјана Стојановска е дефинитивно една од најубавите ТВ презентерки во Македонија. Нејзината убавина се истакна уште на млади години додека беше манекенка и ја освои титулата Мис на Македонија во 1992-ра година. 

Претпознатлива по својата харизма и насмевка, таа за Женски Магазин откри какви ритуали за убавина практикува.

Стојановска вели дека заштитен знак и е црвениот кармин и затоа има задолжително место во нејзиниот несесер.

- Имам бел тен и темна коса и затоа можам да си дозволам појак кармин. Кармините во боја на нугат и кафеавите нијанси не ми стојат и не ги користам. Сенката за очи најчесто е црна и бела. А понекогаш ставам и сина или лилава кои ми прилегаат, но многу ретко кафеава затоа што ми дава уморен изглед на лицето- додава.

Кога станува збор пак за нејзината линија и одржувањето на истата, презентерката раскажа дека вежбањето со нејзиниот личен тренер комплетно ја променило. 

- Откако вежбам многу се промени формата на моето тело, но и кондицијата. Порано бев многу понеподвижна и се чувствував уморно, но сега откако вежбам, во голема мера се чувствувам поенергично. Повремено спроведувам и одреден режим на исхрана со цел да намалам вишок на килограми- вели таа.

Д.Караташова