ФОТО: Роси Хантингтон Вајтли во идеална вечерна комбинација на Изабел Марант

Добивај вести на Viber

Изабел Марант е една од омилените дизајнерки на познатата манекенка, која поседува голем број парчиња од колекциите на француската креаторка.

Опуштената естетика одлично и прилега на Роси Хантингтон Вајтли, која важи за една од најдобро облечените манекенки во светот.


Манекенката беше сликана во Лос Анџелес, облечена во асиметрично боди и удобни широки памучни панталони, парчиња кои се дел од пролетната колекција на Марант. Изгледот го заокружи со сандали од Џанвито Роси и чанта во сребрена нијанса, повторно од Марант.

Ова е идеална вечерна комбинација, која е тотално шик, но истовремено пружа и комфор.