(ФОТО) Розга драстично го смени изгледот

Добивај вести на Viber

Хрватската Јелена Розга реши да го освежи својот изглед и да стави екстензии на косата. Со својата нова, долга коса, Розга се појави на видео и на фотографија кои ги објави на нејзиниот Инстаграм профил. 

На доделувањето на наградите „Вечерњакова ружа“, Розга блесна во црна романтична креација на хрватската дизајнерска двојка Енви Рум, а изгледот го дополни токму со долгата, руса коса. 

Хрватските медуими промената на Розга ја нарекуваат драстична, велат дека фризурата одлично ѝ стои, и уште повеќе го истакнува нејзиниот сексапил.