(ФОТО) Само 9 месеци по породувањето, Ева Лонгорија изгледа совршено: Пофалби и од Викторија Бекам

Добивај вести на Viber

Актерката Ева Лонгорија минатата година го доби синчето Сантијаго. Од породувањето поминаа девет месеци,а холивудската убавица веќе успеа да ја стесне фигурата и да ја врати својата линија, за што се пофали на Инстаграм.

Оваа објава собра голем број лајкови и коментари, а меѓу најзабалежливите е оној на Викторија Бекам, која е блиска пријателка на Ева.

- Изгледаш одлично- напиша Викторија, а ние мора да се согласиме со неа. Ева се соочи со голем број критики на сметка на своите вишок килограми по породувањето.

Негативните коментари како „прасе“ или дека е „кратка и дебела“, таа ги поднесе одлично и не се огласи на ниту еден од нив. Од време на време ставаше фотографии од теретана, а совршеното тело го покажа во ова минијатурно црвено бикини.