(ФОТО) Се снима нова сцена од филмот „Врба“ на Милчо Манчески
Во моментов во центарот на Скопје, кај Универзална сала се снима нова сцена од новиот филм на режисерот Милчо Манчески.
Камерите се на сет, режисерот постојано во комуникација со актерите за сцената која е дел од паркчето кај салата.
Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Испреплетени приказни за љубов и доверба – од македонското средновековие и од македонската сегашност - се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.
На прашањето зошто избрал љубовна приказна, одговори дека тоа е приказна која посакала да биде раскажана и дека често приказните сами го избираат него, а не тој нив.
„Никогаш не постои ниту само историски, ниту само љубовен или само политички филм. Ако е добар филмот или ако е добар романот, тогаш тие се секогаш повеќе работи во исто време. Секогаш се покомплексни и раскажуваат за различни работи во исто време. Врба е филм, кој долго време го чував во себе, а почна да се дефинира пред 4 години, приказните беа подготвени да се филмуваат мината година, и еве годинава веќе ги снимаме, за догодина филмот да биде подготвен да се прикажува во кино“, изјави Манчевски на снимањето на претходната филмска сцена.