Животна училница // Приказни
(ФОТО) Сека Алексиќ искрено проговори за разделбата и крајот на љубовта
- 11 Мај, 2020
Сека Алексиќ покрај успешната кариера, е позната и како личност која ги негува фамилијарните вредности.
Пејачката ужива во улогата на мајка на малите Јаков и Јован, кои ги има од бракот со боксерот Вељко.
Сека често на својот профил на Инстаграм дели мудри совети, а најмногу внимание неоданма привлече советот кој се однесува на крајот на една љубов.
Сека сподели фотографија со болна порака за сите оние кои претрпуваат некаква разделба. Порача дека разделбата не треба да значи апсолутно непријателство, но и дека може да помине без тешки зборови.
- Ако веќе се разделувате, гледајте тоа да биде биде без груби зборови. Секоја разделба сама по себе е тажна, но не мора да биде грда, од вас зависи- напиша Сека, а нејзините следачи ја поддржаа.