Те слушам како дишеш и тоа е мојата молитва: Сека Алексќ со емотивно писмо до синчето

Добивај вести на Viber

Пејачката Сека Алексиќ, во јануари годинава, на свет го донесе нејзиното второ синче, Јован, чие име беше променето во последен момент. Таа и нејзиниот сопруг, Вељко Пиљикиќ, со кој го имаат и синот Јаков, не кријат колку радост им донесе родителството, па често на својот Инстаграм профил, печајката споделува слики и видеа од нејзините деца.

Овој пат таа сподели слика со Јован и напиша емотивно мајчинско писмо до него:

Толку многу љубов во толку мал човек. И кога не е сончево, светло е. И, драго ми е што на тие светли срца останува она што ни доаѓа, дека нивните спознанија ќе бидат поголеми и подобри од нашите ... А до тогаш, во мојата прегратка си безбеден од сè што е лошо, затоа што е мое да те чувам од сè што не е бескрајна песна и нежни, избрани зборови ... Во мојата прегратка, ќе почувствуваш што е вистинска љубов и не прифаќај помалку. Сепак, бевме поврзани и ќе останеме, и секогаш ќе знам да го слушам твоето чукање на срцето и да го препознаам твојот најтивок повик. Те слушам како дишеш и тоа е мојата молитва, моето отчукување на срцето, мојата приспивна песна... Ти давам крилја и ти ги праќам моите ангели за да не леташ сам низ безбрижните соништа.



Погледнете ја сличноста на Сека Алексиќ со нејзината мајка

Емотивно писмо до синчето, неодамна објави и пејачката Гога Секулиќ, прочитајте што напиша таа