(ФОТО) Секој може да ја има: Ова е најпопуларната чанта за сезонава според Ана Винтур
Ана Винтур важи за една од најважните модни икони на денешницата, а нејзиното предвидување на модните трендови секогаш одново фасцинира. Уредничката на магазинот „Вог“ негува беспрекорен стил на облекување, а своето мислење за модата несебично го споделува со случајните минувачи низ Њујорк.
„Имам полн плакар со фустани со принт. Наутро, кога ќе станам, го отварам и избирам еден фустан, првиот на кој што ќе помислам. Така одлуката е многу полесна“, рекла Винтур.
На прашањето кои ѝ се омилени чевли, таа вели- Маноло Бланик. Таа додава и дека обожава апостолки. Иако ретко носи чанти, Винтур открива кој модел оваа година е хит, најмногу според својата практичност.
„ Искрено, ретко носам чанти, но мојот тим во „Вог“ ми вели дека оваа година е многу популарен моделот кој е носи преку телото, таканаречен crossbody, што ми е многу практично, затоа што ги ослободува рацете“, вели Ана.