(ФОТО) Селин Дион во ризично модно издание кое ја истакна нејзината преслаба фигура

Добивај вести на Viber

Селин Дион повторно направи ризичен моден потег, кога се појави во Париз со најстариот син Рене.

Пејачката облече црвени панталони и црвена маичка, а преку тоа носеше долга црна наметка. Црвените наочари се вклопија со целокупниот имиџ, додека на нозете носеше црни тренди патики.

Нејзината изразена слабост уште повеќе дојде до израз во ова модно издание, додека јаболчниците и коските на лицето стрчеа под залижаната коса.

Селин Дион вредно работи на својата турнеја околу Европа, а на прашањето како до одржува својот изглед, таа изјави:

„Сакам да се потам. Доста се потам на сцена и сакам луѓето да видат дека работам напорно и се мачам. Кога Тина Тарнер пее, ја гледате на сцена како се поти и мафта со марамче. Така и јас сакам да се потам и да го правам тоа. Поради потта и солзите (емотивна сум и често знам да се расплачам) користам шминка со маслена база бидејќи останува „на место“- призна Селин.