(ФОТО) Шик и провокативна: Викторија Јаначковиќ прозборе за љубовниот статус
Викторија Јаначковиќ во провокативен црвен фустан сношти дојде во скопскиот хотел „Александар Палас“, на доделувањето на наградите на магазинот „Стори“. Каде и да се појави, таа привлкува внимание со својата појава, а иако долго време не е активна во модниот свет, очигледно е дека јавноста не ја заборавила.
Една од најпознатите македонски манекенки во 1999 година беше прва придружничка на Мис на Македонија. Јаначковиќ во тоа време беше една од најангажиранте модели на модните настани и реклами, а паралелно дипломираше на Медицинскиот факултет на отсекот за стоматологија.
Потоа, Викторија која инаку е од српскиот град Ниш, се обиде и во политиката како шеф на кабинетот на поранешниот заменик министер за култура, Драган Недељковиќ. Пред три години, Јаначковиќ се пресели во Англија, со својот, сега веќе поранешен сопруг Никола Тасевски.
„Во љубовта сум подолго време сама. И работам на себе си во смисол на емотивна интелегенција. Сега се занимавам со мојата струка, стоматологија“, ни изјави Викторија по настанот. М.Џ.
Фото: В.Тануровски