Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Сите бои убаво ѝ стојат: Деми Мур со необичен стајлинг
Веќе подолго време, актерката Деми Мур не е во фокусот на медиумите, па јавноста немаше можност да ги коментира нејзините луди модни креации во кои порано го воодушевуваше Холивуд.
Затоа, модните критичари беа воодушевени кога ја видоа на премиерата на нејзиниот последен филм, комедијата Corporate Animals.
Актерката избра необична комбинација во која изгледа „откачено“ и според коментарите на нејзините фанови на социјалните мрежи, личи 30 години помлада. Ниту една боја од нејзините парчиња облека не оди со друга.
Деми облече карирани широки пантолони во кои доминира жолтата боја, блуза во силна, сина боја, розов капут. Единствено бојата на чантата оди со бојата на блузата.