(ФОТО) Сите ја сакаат уникатната чанта на Северина: Хрватската ѕвезда на гости во Скопје и во Струмица
Хрватскката ѕвезда Северина деновиве беше на гости во Скопје, пред нејзиниот настап во Струмица на фестивалот „Струмица опен“, вечерва.
Во Скопје, како и секогаш кога доаѓа таа беше на вечера во познат скопски ресторан, каде што на нејзина желба ги проба омилените домашни специјалитети.
Со уникатен стајлинг, Северина позираше во скопски хотел пред да тргне за Струмица. Со асиметрично црвено здолниште, кошула со точки, детаљ кој е повторно во тренд, голема патна торба и уникатна рачна чанта во форма на ананас, Северина ги поздрави македонските фанови:
„Драги мои, вечерва пееме во Струмица сите заедно. Македонија во срцето“. За стајлингот, најмногу пофалби доби од жените, особено за рачната чанта за која многумина коментираа дека би сакале да ја имаат.