Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Сите зборуваат за фустанот на Јелена Розга: Моден погодок
Пејачката Јелена Розга постојано реди супер модни комбинации. Овојпат за вечерно излегување во клубот „Gooshter Beach“ во Сплит повторно имаше моден погодок.
Таа беше ѕвезда на вечерта со ефектен фустан со тренди ракави, односно така наречени „ракавите на Алис“, бидејќи исти такви носеше „Алис од земјата на чудата“.
Фустанот што ја прати линијата на телото и има должина до под колена, е одличен избор за згодната блондинка.
Станува збор за креација во згаснати нијанси, со потпис на познатиот дански бренд „Ganni“, чии модели ги обожаваат и светски познатите Џесика Алба и Пипа Миделтон.
Фото: Џон Павлиш