(ФОТО) Сите зборуваат за камел чизмите на Меланија Трамп

Добивај вести на Viber

По подолга пауза, Меланија Трамп конечно се појави во јавноста. И како што и се очекуваше, топ-тема во светските медиуми повторно е нејзиниот аутфит. Првата дама на САД со Доналд Трамп и нивниот 12-годишен син Барон отпатуваа на нивниот имот на Флорида, а Меланија овојпат го украде шоуто со преубавите високи чизми.

Сопругата на американскиот претседател првпат се појави во аутфит во кој доминира популарната камел боја која е голем тренд оваа сезона. Госпоѓа Трамп изгледа фантастично во едноставните чизми со дебела висока потпетица на модната куќа Gianvito Rossi кои ги искомбинира со капут во иста нијанса на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ.