(ФОТО) Сите зборуваат за модната утка на Јована Јокисмовиќ
Фустанот кој водителката Јована Јоксимовиќ го облече вчера на Утринската програма на Тв „Прва“, предизвика коментари во медиумите и на социјалните мрежи. Некои го нарекоа „моден инцидент“.
Сопругата на музичарот Жељко Јоксимовиќ избра розов фустан со тантела и со впечатливи црвени детали кои отскокнуваат од него. Јована за „Блиц“ дала шеговиот одговор за тоа колку сите во Србија зборуваат за нејзиниот фустан последниве два дена.
„Ако е најголем проблем во нашата земја што сум облекла, тогаш тоа ме радува и ме забавува во исто време“, рекла Јована.
Во неколку наврати, водителката има изјавено дека понекогаш ѝ пречи кога повеќе се коментирта нејзиниот изглед отколку информациите кои таа и нејзиниот колега Срѓан ги пласираат во емисијата.
Денеска пак, јавноста го пофали нејзиниот син костум кој го облече во Утринската програма.
Фото: Курир.рс, Блиц